7. 4. 2011.

Стек од мисирка со кари, сусам и спанаќ



Денес е убав сончев ден, со вистински  "жешко сонце" .... речиси 22 степени! Го пишувам овој рецепт и веднаш заминувам на долга прошетка ... Сакам да го почуствувам вистинскиот мириз на пролетта и топлото сонце на мојот грб. Во фрижидерот имам спанаќ и месо од мисирка (од градниот дел) што ќе го зготвам за вечера: Стек од мисирка со кари и сусам и спанаќ како гарнир. Ова јадење е многу вкусно и лесно дигестивно. 
Сосојки за 2 лица : 
600 грама спанаќ 
250 /300 г стек од мисирка 1 / 2 чаша бело вино брашно кари една шака сусамедна шака ореви од бор (може да се заменат со иситнети обични ореви)3 лажици екстра девственото маслиново масло 2 чешниња лук сол луто пиперче, ако сакате 
Реализација:
Прва фаза: го ставате измиениот и добро исцеден  спанаќ во тенџерето со капак на тивок оган  околу 10-ина минути, мешајќи го повремено .Отткако ќе се обари (практично како на пареа) и излади спанаќот, исцедете го притискајќи го со рацете. Во една тефлонска тава без масло испржете ги боровите ореви, трегнете ги на страна а, потоа и сусамот. Во истата тава, се ставаат 1 лажица маслиново масло (може и сончогледово) и се пржат ситно исечканиот лук и лутото пиперче. Во нив се става исцедениот спанаќ (разделете ја топката од исцеден спанаќ со рацете) и се  заедно убаво измешајте во тавата.
Втора фаза: Стекот го сечете и чукате на тенки парчиња кои ги набрашнувате  со мешавина од брашно и малку кари ( јас ставам кари од око чувствувајќи го мирисот на мешавината). Во тавче со 2 лажици масло пржите до вцрвување 1 чешне лук. Го отстранувате и продолжувате со вцрвување на тенките парчиња од белото мисиркино месо од двете страни. Кога и тие се вцрвенети, се додава 1/2 чаша млеко (додавајќи малку вода ако е потребно), посолувате, наросувате црн бибер, покривате со капак и го варите месото на тивок оган петнаесет минути со вртење на парчињата од двете страни. Речиси на крајот го додавате и сусамотРаспоредете ги стековите во чинијата,  прелијте го со сосот, ставете го и спанаќот и Voilà, готово е ... и јадете го топло! Buon appetitо! p.s. Ако немате бело месо од мисирка можете да го замените со пилешки стек!Ова јадење е со вкус помеѓу Истокот и Западот. Можеби малку е невообичаено за македонците, но препорачувам да се направи. Навистина е многу вкусно и многу здраво.До читање до следниот пост!!! 

5. 4. 2011.

Чорба од наут „ала тоскана“ (на тоскански начин)


Иако е пролет и дневните температури се пријатни, навечер сепак застудува и добро би му дошло на нашиот организам да го пунудиме со една чинија на вариво од мешункасти растенија. Денес ке ви го претставам рецептот за чорба од едно многу популарно мешункасто растение во Италија: сушен Слануток или Наут (преведено од Google). Мешункастите растенија оттсекогаш биле протагонисти на Медитеранската кујна а, оттука и на италијанската. Со нив се подготвуваат  многу вкусни јадења кои заситуваат, а имаат и голема хранлива моќ. 
Наутот е мешунка која не содржи заситени масти (полинсатури) присутни во месото а, го има устиот квалитет и квантитет на протеини. Содржат и добра доза на растителни влакна, витамини од групата В и имаат големо богатство од најразлични минерали како: калциум, железо, бакар, калиум, цинк. Мислам дека ова е доволен мотив за да се направи „Чорба од наут“ (сушен слануток). Во чорбата се додава и паста со кус формат како извор на јагленохидрати и добивате јадење како комплетен оброк според медитеранската диета. Вака направената чорба од наут е со потекло од регионот Тоскана и затоа и го добила името : Чорба од наут ала Тоскана (на тоскански начин).


Состојки за две лица:
  • 120 г наут, стоен во вода една нок (12 часа)
  • 80 г куса паста 
  • 2 лажичиња масло
  • едно гранче малечко од рузмарин (може и сушен)
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 чешне лук
  • малку луто пиперче, според желба и вкус
  • сол
Реализација:
Во тенџере со 1 л. малку солена вода  се става да се вари наутот. Во тавче со масло се пржи до вцрвување лукот, се додава и лутото толчено пиперче, иситнетиот розмарин и доматното пире (кое ако е густо претходно го растворате со малку вода).
Кога наутот е варен (ќе биде потребен околу еден час), вадите една половина од водата и го ситните со блендер, практично станува густа смеса. Повторно ја враќате оваа смеса во тенџерето, се додаваат и состојките од тавчето, убаво промешувате со дрвената лажица и го ставате на оган повторно, но само до достигнување на точката на вриење. Тогаш се додава претходно обарената (но, целосно недоварена) паста во насолена вода. Продолжува варењето се додека пастата не стане „ал денте“. Се послужува топла и Voilà, чорбата од наут е готова ... Вuon appetito!!!
п.с. можете да ја подготвите и без паста ако преферирате да ја јадете со леб, но многу е поголемо хранливото дејство ако се јаде со паста.

3. 4. 2011.

Торта од лимон со „crenbarries“ (црвени боровинки)


Eтe ... сабота навечер и јас пак сум сама дома. Еднаш неделно, петок или сабота навечер можам да бидам апсолутен господар на домашниот простор! Нерасположението тропа на врата?! Неее ... знаете ли зошто?! Дај... знам дека претпоставувате! Се разбира, го исполнувам просторот со подготвување на слатко изненадување за мојот љубен. Секој пат кога тој се враќа дома (следниот ден), знаејќи како стојат работите, само со љубопитен поглед ме погледнува мило и ми се насмевнува! Би рекла дека за него ова веќе не е зненадување, туку е потврдување на мојата грижа и љубов и тоа многу му се допаѓа. Убаво е да се дава сигурност на луѓето што ги сакаме. Така се чувствуваат безбедни, заштитени, галени ... а, оваа сигурност е уште повеќе посебна поради тоа што е вкусна и мирисна.
Вечерва направив едноставна торта со арома и вкус на лимон. Миризот на јужните ароматични овошја ни се допаѓа на двајцата! Сега, додека го пишувам овој пост го чувствувам миризот на лимон кој доаѓа од рерната ... ммм .... прекрасно!  Оваа торта многу лесно се подготвува, испробана е и тестирана лично од мене! Знам дека има илјада рецепти за торта со арома на лимон, но еве ви го и мојот!
Состојки:
3 јајца
1 чаша природен јогурт
3 чаши брашно
2 чаши шеќер
1 чаша сончогледово масло
1 лимон (рендана кора и сок )
малку сол (прстофат)
1 кесеичка прашок за пециво

Во два длабоки сада за матење се одвојуваат белките од жолчките. Белките се матат како снег а, во садот со жолчките ги додавате сите други состојки, нежно мешајќи со маталката. Потоа се додава и снегот од белките, секогаш мешајќи деликатно и се истура во тава со d = 26 цм, претходно подмачкана и набрашнета. Се пече во претходно загреана рерна на 160°C, околу еден час. Кoга е добро изладена можете да ја украсите со желе од лимон или шеќер во прав. Во алтернатива можете да направите како мене, да ја премачкате со глазура од лимон: шеќер во прав и сок од лимон. Од дозите што ги употрбив (од око) ми излезе малку глазура, затоа тортата дополнително ја посеав и со шеќер во прав. Имајќи дома црвени американски боровинки ставив еден рака и од нив како декорација. Тортата е готова да се јаде отткако глазурата ќе стане сува и тврда.
п.с. Како мерка се употребува чашата од јогурт што ќе го ставите во тортата.
До следниот рецепт, со многу симпатии!