![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEihjrgbfzrw0EM4ExOLxpv0yURdzYe1QxCGJPq4jUWuN7DYcavyRh6X_4iGR1z_RNSJce3B_-qrskkDwRQIOFNG-n_3R96KcyQDyb69BHDqcyxwINptD7XO_zBNcn9W5LsQ76CRM3IMm6Wk/s200/Cuoricini+pronti++sfornati.jpg)
Состојки за 6 мали „мафин“ модли:
- 100 г темна чоколада со голем % на какао
- 100 г. путер
- 2 јајца
- 80 г шеќер
- 40 г брашно
Модлите се мачкаат со путер во тенок слој. На оган, во тенџере се топат чоколадата и путерот со неколку лажици вода. Оваа смеса се разладува со постојано мешање додавајќи и ги јајцата, шеќерот и брашното. Резултатот треба да биде хомоген чоколаден крем со кој се полнат модлите до половина од висината. Се печат во загреана рерна на 200°C околу 10 минути, додека не се забележат првите пукнатини на површината. Нема да бидат недопечени напротив, внатре ќе бидат меки и со скоро течна чоколада во средината. Се служат веднаш придружени со топол чај, кафе, ликер, чаша вино....
п.с. Внимавајте, додека да се завртите се готови. Моите чоколадни срца немаа течен чоколаден крем во средината бидејќи ги послужив со чаша зелен чај. Ги печев во рерна точно 15 минути. За да се добие течна чоколадна средина се пече само 10 минути.
Толку за денеска. Ова меко срце од чоколадо е створено да биде десерт при една романтична вечера...а, зошто да не биде и слатко изненадување на саканиот/ната за Сан Валентин?!
Срдечно, ваша Емили.
Срдечно, ваша Емили.
Нема коментара:
Постави коментар