Пастата е типично италијанско јадење и е кралица на Медитеранската исхраната. Вкусно е за на око како и за непцето и многу заситува. Пастата е одлична замена за лебот и стомакот се заситува побрзо со помала количина од неа. Италијанците имаа навика сосот во чинијата со паста да си го измакаат со лепчето кое неизбежно е присутно на трпезата.
Нутриционистите препорачуваат порцијата од паста за ручек или вечера речиси секогаш да биде дополнета со некаква свежа салата.
Денешниот рецепт на блогов е:
Денешниот рецепт на блогов е:
Паста со крема од сушени домати
Незнам како можев досега да не пробам исушени домати и како можев да живеам без нивниот слатко-киселкав вкус. Кога бев малечко девојче во текот на летниот период се сушеа домати во некои дворови на моето маало и знаев дека домаќинките тоа го правет како начин на конзервирање на доматите за зимница но, искрено потполно сум го изумила. Во италијанските супермаркети пронајдов сушени домати ставени во тегличка и зачинети со сончогледово масло и некои медитерански зачини, а рецептот го земав од една книга со наслов „Зготви и изеди“. Ова песто кое брзо и едноставно се пртвора во крема многу лесно се подготвува и подолго време може да потрае во фрижидер. Сушените домати го заробуваат витаминот Ц во фазата на сушење на сонце и се одлична замена за свежите домати во есен, зима или пролет.
Состојките за денешниот рецепт се следните:
- една тегла сушени домати (180 г)
- грст од пиноли (преведено од Гугл како борови ореви)
- пармезан ситно рендан
- луто суво толчено пиперче
- магдонос или босилок
- пармезан јадро рендан за декорација
- сол
Подготовка:
Во кутијата со кутер од миксерот, се става целата содржина од тегличката заедно со пинолите и пармезанот и се миксаат се додека не се добие густа смеса натречена песто. Повторно се враќа во теглата и се покрива со масло и така конзервирано може да стои во фрижидер до 3 недели.
Доколку се прави пестото од домати во периодот пред ручек го оставате настрана продолжувајќи со варење на пастата во тенџере со вода и сол. Додека пастата се вари, ставате во една тава одредена количина од песто и малку вода од шпагетите што се варат, лутото толчено пиперче и го разредувате и топлите правејќи го како крема. Кога пастата е варена, ја процедувате и додавате во тавата со кремата од сушени домати, измешувате и сервирате во чиниите. За декорација може јадро или ситно да се изренда уште малку пармезан, наросувате сечкан магдонос или босилок и Вуола ( Voilà ) пастата е готова. Добар апетит!!!
Нема коментара:
Постави коментар