Обично по една обилна вечера, следниот ден за ручек или вечера практикувам депурација (чистење) на организмот со обилна порција од салата, во овој случај од спанаќ.
Ги одвоив поситните и кревки листови од купениот спанаќ од пазар и ги употребив за т.н. „депуративна салата“ која ја подготвувам на следниот начин:
Во подлабок сад заедно со измиените листови од спанаќ ставам: исечени парчиња од зелено јаболко (пр. сеуште несозреано јаболко од типот делишес), искршени јатки од ореви, коцкички од тврд кашкавал или тврдо кравјо сирење и зачинувам со соја-сос или „балсамико“ оцет и една лажица од маслиново масло.
За да биде оброкот комплетен додавам уште 50 г интегрален леб (печен на тостер).
Ги одвоив поситните и кревки листови од купениот спанаќ од пазар и ги употребив за т.н. „депуративна салата“ која ја подготвувам на следниот начин:
Во подлабок сад заедно со измиените листови од спанаќ ставам: исечени парчиња од зелено јаболко (пр. сеуште несозреано јаболко од типот делишес), искршени јатки од ореви, коцкички од тврд кашкавал или тврдо кравјо сирење и зачинувам со соја-сос или „балсамико“ оцет и една лажица од маслиново масло.
Нема коментара:
Постави коментар