12. 8. 2010.

Паста ШУЕ ШУЕ

Во лето има денови кога е многу топло, без идеја сте и немате многу воља за готвење ...Или пак сте многу зафатени со др. работи и не сте биле на пазар, во продавница .... Или пак метафорички речено, фрижидерот ви е како отворена уста без заби.....и плаче!
Ве фаќа паника и....уф, лелееее!!!.... што ќе зготвам денеска, немам ништо свежо во фрижидер освен некој домат, некоја пиперка.....
Ете во такви денови, италијанските готвачи и готвачки во најдобриот ресторан по име „ДОМА„  подготвуваат пјато ди паста (порција паста): „СПАГЕТИ ШУЕ ШУЕ„. Сега ке ви го дадам мојот рецепт за подотовката на ова ПРИМО ПЈАТО.
 Состојки за една порција:

  • 6-7 Мали шери (како цреши) домати или какви имате (ако треба ќе ги исецкате)
  • 10-ина ливчиња Босилок / Базилико или Магдонос
  • Лукче
  • 1 л-ца Маслиново масло
  • Лутко мало пиперче (1,2....зависно колку лутат)
  • Паста: СПАГЕТИ (на наше ШПАГЕТИ)
На оган се става тенџерето со вода да зоврие. Во неа додаваме лажиче сол (1:1:1), мешаме и гу ставаме шпагетите да се варат според означеното време.
Во меѓувреме, во една мала тава со масло на послаб оган се пржи до вцрвување ситно исечени парчиња од лукчето (1,2 ... колку што сакате) и пиперчето. Добро зацрвенети се вадат од маслото во чинијата каде ќе се сервираат шпагетите.
Исечените на половина шери домати и искинатиот со раце босилок се ставаат во ароматизираното масло од лукче и се оставаат 3-4 минути да се поварат. Тавата се покрива со капак за полесно да се одвои лушпата од патлиџанот (некој лушпата не ја вади).  Претходно може да се додаде малку од солената вода во која се варат шпагетите. Вака јас ја задоволувам потребата од додавање сол во сосот.
Кога шпагетите се варени Ал Денте, добро се процедуваат и се додаваат во тавата со доматите, се измешуваат внимателно и се сервираат во плитка чинија каде се ставени парченцата од лукче и пиперче. Се придодава со раце искинат босилок или ако преферирате ситно сечкан магдонос, повторно се измешува се заедно и: Е ВУОЛА (француски израз, често употребен кога јадењето се послужува), ПАСТА ШУЕ ШУЕ е готова!


   

1 коментар:

Eme је рекао...

Овдека ТРЕБА ДА ОСТАВИ КОМЕНТАР оној што го чита постот! ВЕ МОЛАМ ОСТАВЕТЕ ВАШ КОМЕНТАР, позитивен или негативен. Ме интересира вашето мислење или можеби имате некакво прашање или сугестија..... Чао и танти бачи!