21. 9. 2010.

BRUSCHETTI / БРУСКЕТИ

Кога немате време да зготвите нешто брзо, вкусно и топло, немате ниту желба ниту воља да одите во пицерија или ресторан, тогаш направете ИТАЛИЈАНСКИ БРУСКЕТИ!
Брускетите се печени лепчиња во рерна и не постои некој посебен рецепт за нивна подготовка. Тоа што ќе го ставите врз лепчето го одредува вкусот на вашата БРУСКЕТА.
Се разбира основниот рецепт за италијанската брускета / BRUSCHETTА бара неколку основни продукти: поголемо парче леб, лук, домат (свеж или сос) и медитерански зачини како босилок или оригано во свежа или сушена состојба .
Подготовка на оригинален рецепт: 
Се загрева рерната на максимална температура околу 5-10 мин.
Го чистите лукчето, ги сечете на ситни парчиња доматите(ако се свежи), го сечете лебот (доколку не е исечен од производителот) на парчиња и ги ставате да се потпечат 5 мин во рерна. Потоа ги вадите и веднаш ја истривате површината со чешне лук. Врз парчето леб ставате домат, зачин (или од двата по малку), маслиново масло (од око) и тавата со лепчињата повторно се враќа во рерна (но со намалена температура на 200 степени Ц,)  По поминати 5 минути ги вадите ароматизираните и крцкави БРУСКЕТИ и веднаш ги послужувате.
Има многу варијанти на БРУСКЕТИ и секој може да ги прави со тоа што го има дома: кашкавал, моцарела или некој др.вид на сирење , со додаток на риба од конзерва ( јас ставив инчун, на хрватски), со листови од зеленчук итн. Се друго што може да се стави врз парчињата леб е индивидуален избор и малку фантазија на тој што ги подготвува.
Толку за овој пост. До следното читање ви посакувам: Добар апетит / Ciao e Buon apetito!
Следуваат фотографии од БРУСКЕТИ што ги правев пред некој ден:

                                                                            
                                                                             

       
П.С. Овие брускети се без лук и маслиново масло.                                                                                 

Нема коментара: