9. 9. 2010.

ZUCCHINI ITALIANI - ИТАЛИЈАНСКИ ТИКВИЧКИ

         Од насловот на постов претпоставувате што се третира во него. Да, денеска ви  претставувам Тикви италијански! .... Не, не е шега: -)))......(како да не тикви ќе ми кажуваш ти мене!!!..... кога двајца македонци дискутираат, ајде да не речам се караат на некоја жешка тема, обично едниот му вели така на другиот). Жаргон на народот а, секој народ па дури и во иста држава има различен жаргон ..... Не знам дали ќе ја разберете оваа мала дигресија и простете ако не ви беше смешно!!!
        Но, да продолжам со претставувањето на ИТАЛИЈАНСКИ ТИКВИЧКИ или да ви ги претставам рецептите со овој зеленчук кој е добар за здравјето ( содржи многу вода во себе), хранлив е а, има малку калории значи диететски е погоден и за оние со некое килце од повеќе.


Zucchini con fiore = Италијански тиквички со цвет
Овие италијански Тиквици со цвет = Zucchini con fiori / Ѕукини кон фјори / се многу помалечки од нашите и често пати се продаваат со нивните цветови кои истотака се коместибилни. Да, да ..... се јадат и нивните цветови: можат да се поховаат и пржат, или се употребуваат при правење на сосови или пак можат и во салата да се додадат (но, само ако се свежи и од биолошко-органско производство). Јас пред 2-3 години донесов во Македонија семе од овој тип тиква, но тие што требаше да го посеат не ми дадоа никаква повратна информација, така што во мојот роден град се уште ги нема како пазарна понуда. Можеби би се јаделе цветовите и од македонските тикви, но кај нас таков специјалитет не постои, барем јас немам видено и јадено такво нешто во мојата земја.
Значи, денес ви понудувам два рецептa со zucchini  карактеристични за италијанската кујна. Првиот рецепт е: Fiori di zucchini fritti  / Пржени тиквини цветови.
Овој специјалитет се вбројува во т.н. FINGER FOOD=Храна што се јаде со раце и често се наоѓа на MENU / МЕНУ = МЕНИ на италијанските барови (бистроа) за време на т.н.  HAPPY HOUR = СРЕЌЕН ЧАС (од 18 до 21 ч.) каде италијанците враќајќи се дома од работа или пак намерно,  се наоѓаат со колегите и пријателите на разговор и дружење.
Состојките што се потребни се однесуваат за 4/5 цвета со средна големина: -

- цветови од тиквички
- белка
- нишесте
- масло
- сол

Матите со маталка или обична вилушка 1 белка со малку сол. Додавате  нишесте (од око) се додека не биде малку згусната изматената белка.
                                           
Матење на белка, сол и нишесте = ТЕМПУРА
Во оваа смеса ги валкате претходно исчистените цветови од нивниот толчник и ги ставате во врело масло да се пржат со почесто валкање од сите страни се додека не добијат убава црвена боја.    
                                       
Пржење во масло
              Пржени цветови од тикви
Кога се добро вцрвенети и крцкави се вадат на кујнска хартија за да се впие одвишокот на мрсно од цветовите, се пробаат и ако не се доволно солени повторно се попрскуваат со сол. Се послужуваат на консументите што потопли, впрочем како и секој пржен специјалитет, највкусни се кога се топли.    
                                                                             
                                                                         
Порција пржени цветови од мала тиква

Нема коментара: