3. 10. 2010.

ARANCINI ili SUPPLI / ПРЖЕНИ ЌОФТИНЈА ОД ОРИЗ

Денеска ви го претставувам рецептот наречен: Аранчини или Супли што потекнува од италијанскиот остров Сицилија. Земја освојувана и газена од многу доминатори што оставиле траги во нејзината архитектурата, во дијалектот на мештаните, во локалните специјалитети на националната кујна, во обичаите и народните танци, песни итн. 
Сицилија е земја на портокалите чии цветови во пролет на воздухот му даваат и мирисната нота, типично за оваа фасцинантна земја преполна со контрасти!
Аранчини / Arancini e оригинален сицилијански специјалитет, кој што во зависнот од филот со кој се полнат и приликата во која се послужуваат, може да биде или антипасто-фингер фууд  или секондо = главно јадење, послужено со некаков прилог од зеленчук = kontorno / contorno.
Од формата и бојата на овие пржени ќофтинја од ориз доаѓа и нивното име АРАНЧИНИ или преведено на македонски, ПОРТОКАЛЧИЊА. 
Доколку се наоѓате во Рим, можете да ги сретнете со друго име: СУПЛИ / SUPPLI  и се исполнети сo  други состојки.
Во овој пост ке дадам 2-3 рецепти за АРАНЧИНИ, сами направете избор според тоа кој што сака и милува да јаде.
Базата за овие рецепти е вашето ризото (од претходниот пост), кое барем една ноќ е оттстоено во фрижидер.
Состојки за оригинален рецепт:
  • ризото направено со 400 г. ориз
  • 1 кромид
  • 70 г парчиња на црн џигер од пиле
  • 70 г мелено телешко месо
  • 1/2 чаша бело вино
  • 1 јајце
  • вегетална супа
  • 60 г брашно
  • 40 г презла (мелени лебни трошки)
  • масло за пржење
  • сол
  • црн бибер
Прва фаза:
На умерен оган во тавче се пржат до вцрвување (неколку минути): фино исечканиот кромид а, потоа и парчињата од црн џигер. Најпосле се додава и телешкото мелено месо. Регулирајте со сол и црн бибер по вкус. По вцрвувањето на месото се истура во тавата од страна бело вино и се остава да испари алкохолот. Потоа се става една лажица брашно (јас го заменувам со нишесте), го измешувате и оставате да се вцрви. 
Истурате 2 црпалки од супата од зеленчук (вегета) што ја имате претходно подготврно и оставате да се вари со капак покриено на тивок оган, да се крчка околу 45 минути.Треба да добиете т.н. рагу или на наше кажано: манџа со ситно месо. Кога е готово се остава добро да се излади.
Во меѓувреме, ако немате ризото од претходниот ден, варите ориз со дел од супата и не го преварувате туку го оставате да биде Ал Денте.... да не биде многу кремаст, туку да се чуствува во уста и  да се џвака. Се остава и ризотото да се излади добро.
Втората фаза:  
Со дланките од рацете се формира топка од варениот ориз. Во средината се прави дупка со прст во која се става 1 лажиче од рагу и се затвора. Се внимава да се затвори добро за да не истече филот во текот на пржењето.
Отткако се направени топките од ориз се валкаат прво во брашно, потоа во јајце и најпосле во презла. Се пржат во по длабока тава во добро загреано масло (но, не сите наеднаш). Се пржат од сите страни до добивање на убава темно златена боја. Кога се готови и крцкави се вадат од маслото и се цедат на кујнска хартија. Се послужуваат веднаш, додека се топли!
Трета фаза: како што кажав погоре во постот, филот на АРАНЧИНИ може да се замени со други варијации од намирници: може да бидат вегетални: наполнети со обарен грашок со домат, со фил од печурки вргањ или шампињони; за љубителите на кашкавал: се полнат со моцарела, чаден кашкавал, урда; за оние по сувомеснато: мортадела, салама итн. Оставете ја вашата фантазија и вкус да ве водат во изборот на намирници.
Состојки за моите СУПЛИ




        Тука завршува овој пост. До следниот мој рецепт ви посакувам се најдобро и до читање.....Секако направете ги аранчините или моите супли и Добар апетит!
                                                                              
                                                                                                                                      


  
       

Нема коментара: