1. 10. 2010.

RISOTTO СО МАКЕДОНСКИ ОРИЗ / RISOTTO CON RISO MACEDONE

                                                                                          
Есен е ... Промените на времето и надворешната температура ја вратија желбата за домашната атмосфера и миризот на топлите јадења. Штом ќе влезем дома после еден напорен и врнежлив ден, уште од врата го чуствувам миризот на мојот дом  и веднаш се чуствувам задоволно комотна и ....среќна. Во малите нешта е тајната, тие ја прават суштината на животот.
Во тие мали нешта спаѓа и домашната кујна. Во мојот дом јас сум апсолутен господар во кујната...иако, некогаш се жалам и барам некој да ми помогне, да ја постави масата или зошто да не и да ме замени, да зготви нешто топло, вкусно, убаво за око,
ароматично со што ми прави задоволство и на непцето и на душата. Во такви моменти мојата љубов ми приготвува РИЗОТО БЕРТИ. Еве го рецептот...но, нема правило за конечниот вкус на ова топло јадење кое што мене ми предизвикува чувство дека сум сакана и згрижена ...... ме враќа во детството, во родителската куќа, во прегратката на мојата мајка. На пример: Пудинг од ориз или македонски сутлијач, десертот што ме чекаше секогаш кога ќе се вратев дома ......
Потребни состојки за едно лице: Ориз 70 -100 г, кромид 1/2 главица, 1/3 од чаша бело вино,  2 домати (помали) свежи или пире од домати, 1 л супа од зеленчук во прав или коцка, сол, црн бибер, пармиџано (пармезан) или магдонос според вкус.
Вино во пржениот кромид 

По испарување на алкохолот се пржи и оризот

Ставање на супата од зеленчук


Се додава и доматот и се вари околу 1/2 час
Порција РИЗОТО со Македонски ориз
Сугестии: За оние што сакаат да постат, место пармиџано (пармезан) или друг вид на тврд кашкавал што се ренда отткако е варено ризотото може да се стави ситно сечкан магдонос а, за супа да се користи вегетална коцка.

Препорака: Направете дупла доза на ризото од потребната, бидејќи следниот пост ќе има рецепт за ЌОФТИЊА од ОРИЗ или т.н. АРАНЧИНИ или СУПЛИ за што се користи ризото оттстоено барем една ноќ во фрижидер. Утре, мислам да го објавам ...
Ете, тука завршува овој пост. До следниот пост драг читателе, упатувам едно големо и срдечно ЧАО!


    

Нема коментара: