5. 4. 2011.

Чорба од наут „ала тоскана“ (на тоскански начин)


Иако е пролет и дневните температури се пријатни, навечер сепак застудува и добро би му дошло на нашиот организам да го пунудиме со една чинија на вариво од мешункасти растенија. Денес ке ви го претставам рецептот за чорба од едно многу популарно мешункасто растение во Италија: сушен Слануток или Наут (преведено од Google). Мешункастите растенија оттсекогаш биле протагонисти на Медитеранската кујна а, оттука и на италијанската. Со нив се подготвуваат  многу вкусни јадења кои заситуваат, а имаат и голема хранлива моќ. 
Наутот е мешунка која не содржи заситени масти (полинсатури) присутни во месото а, го има устиот квалитет и квантитет на протеини. Содржат и добра доза на растителни влакна, витамини од групата В и имаат големо богатство од најразлични минерали како: калциум, железо, бакар, калиум, цинк. Мислам дека ова е доволен мотив за да се направи „Чорба од наут“ (сушен слануток). Во чорбата се додава и паста со кус формат како извор на јагленохидрати и добивате јадење како комплетен оброк според медитеранската диета. Вака направената чорба од наут е со потекло од регионот Тоскана и затоа и го добила името : Чорба од наут ала Тоскана (на тоскански начин).


Состојки за две лица:
  • 120 г наут, стоен во вода една нок (12 часа)
  • 80 г куса паста 
  • 2 лажичиња масло
  • едно гранче малечко од рузмарин (може и сушен)
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 чешне лук
  • малку луто пиперче, според желба и вкус
  • сол
Реализација:
Во тенџере со 1 л. малку солена вода  се става да се вари наутот. Во тавче со масло се пржи до вцрвување лукот, се додава и лутото толчено пиперче, иситнетиот розмарин и доматното пире (кое ако е густо претходно го растворате со малку вода).
Кога наутот е варен (ќе биде потребен околу еден час), вадите една половина од водата и го ситните со блендер, практично станува густа смеса. Повторно ја враќате оваа смеса во тенџерето, се додаваат и состојките од тавчето, убаво промешувате со дрвената лажица и го ставате на оган повторно, но само до достигнување на точката на вриење. Тогаш се додава претходно обарената (но, целосно недоварена) паста во насолена вода. Продолжува варењето се додека пастата не стане „ал денте“. Се послужува топла и Voilà, чорбата од наут е готова ... Вuon appetito!!!
п.с. можете да ја подготвите и без паста ако преферирате да ја јадете со леб, но многу е поголемо хранливото дејство ако се јаде со паста.

Нема коментара: